Sunday, November 11, 2012
'Папагалот е птица од редот папагаловидни птици и од фамилија папагали. Постојат околу 360 видови папагали. Меѓу нив спаѓаат : ара-папагалите, какадуата, нимфите, малите долгоопашести папагали (тигрици). Г има во голем број во сите тропски и суптропски региони од двете хемисфери, особено во тамошните шуми. Големината им се движи од 10 сантиметри (папагал тигрица) до 0.80 метри (ара). Тешки се од 10 до 850 грама. Животниот век им се движи од десетина (папагал-тигрица) до 80 години (ара). По спарувањето, арата, тигрицата и другите папагали остануваат со својот партнер до крајот на животот. Женката несе од 2 до 8 јајца, зависно од видот, најчесто во дупка во некое дрво или каде било во природата. Квачењето трае од 18 до 30 дена, во зависност од видот.
Thursday, November 8, 2012
Куче е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи од редот на Carnivora. Кучето е припитомено од човекот и служи како негово
милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче
тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според
најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња.
Обичната мачка е најраспространетиот вид од фамилијата мачки - како дива или домашна ја има насекаде. Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации,феромон и видови говор на тело за комуникација, како мјаукање, предење, `ржењеи сл.
Subscribe to:
Posts (Atom)